Преку соработка на Институтот за трансфузиона медицина и Собранието на Република Северна Македонија, денес во законодавниот дом се одржа крводарителска акција во која крв даруваа пратениците и собраниската служба.
-Во текот на денешниот ден крв даруваше и претседателот на Собранието Африм Гаши, кој што истовремено ја поздрави оваа хумана и благородна акција со надеж дека ќе прерасне во традиција, се вели во соопштението од Собрание.
Преку оваа крводарителска акција Собранието, се вели во соопштението, ја покажа својата заложба и посветеност за унапредување на корпоративната општествена одговорност.