Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе има поединечни средби со лидерите политичките партии, на своја иницијатива, а по неуспехот на мандатарот Никола Груевски да договори влада во предвидениот рок со Уставот.
Од кабинетот на Иванов соопштија дека првата средба, во 12 часот, е со претседателот на БЕСА, Билал Касами, во 13 часот со претставници на Алијансата за Албанците, во 14 часот со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во 16 часот со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
На консултации со претседателот Иванов, како што информираат од неговиот кабинет, биле поканети и претставници на ДПА.
Од Иванов се очекува одлука што ќе прави понатаму со мандатот за составување влада, откако Груевски беше принуден да му го врати.