Големата награда на Португалија ќе биде дел од следните две сезони во Мото ГП и ќе продолжи да се вози на патеката Алгарве во Портимао, објавија денеска организаторите.

Трката се врати во календарот на Мото ГП во 2020 година по осумгодишно отсуство и оттогаш се одржува на оваа патека.

Смртта на извршниот директор на трката Пауло Пинеиро, претходно оваа година, доведе до шпекулации дека ГН на Португалија ќе биде отстранета од калнедарот. Потоа, португалскиот возач Мигел Оливеира, кој следната сезона ќе се натпреварува за тимот на Јамаха во Мото ГП, ја повика португалската Влада да ја поддржи трката.

„Зборуваме за настан кој има единствена способност да ја промовира Португалија како туристичка дестинација и како организатор на големи спортски натпревари. Со поддршката на организацијата на овие иницијативи, ја зајакнуваме репутацијата и атрактивноста на земјата, а тоа е многу важно од гледна точка на туризмот“, изјави португалскиот државен секретар за туризам Педро Мачадо. Овогодишното португалско ГП се одржа во март, а го освои Хорхе Мартин од Прамак Рејсинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2024 04:20