Возачот на Мекларен, Ландо Норис го сподели своето мислење за борбата за шампионската титула во сезоната 2024 во Формула 1.

Британецот е на второто место во поединечниот пласман, со 52 бода помалку од водечкиот Макс Верстапен од Ред Бул.

- Се надевам дека борбата ќе продолжи до самиот крај на сезоната, иако треба уште да освојам многу бодови, а тоа нема да биде лесно. На крајот на краиштата, се бориме со Макс Верстапен и Ред Бул - минатата сезона ова беше доминантната комбинација во Формула 1. Всушност, ситуацијата не е многу променета - тоа е истиот тим и истиот возач. Јас сум против еден од најсилните пилоти во историјата. Сега Мекларен има подобри перформанси од Ред Бул бидејќи нашиот болид е побрз. Мора да му оддадеме признание на нашиот тим, кој одлично си ја врши работата. Давам максимум обидувајќи се да се уверам дека ќе успееме. Макс го прави истото за да спречи тоа да се случи. Да видиме што ќе се случи на крајот, изјави Норис за „Sky Sports“.

Остануваат уште 6 трки во Формула 1 до крајот на сезоната 2024 година.

Следната етапа ќе се вози од 18 до 20 октомври на патеката во Остин (САД).



Автор: Администратор
Објавено на: 26/09/2024 08:06