Кошаркарот на Милвоки бакс, Крис Мидлтон продолжува со рехабилитација. Тој летото имаше две операции на скочните зглобови. Операциите беа неопходни за да му помогнат на Мидлтон да се ослободи од болките кои ги чувствуваше во текот на минатата сезона.

- Крис сè уште не е подготвен за целосен тренинг пет на пет, оцени медицинскиот персонал на тимот.

Закрепнувањето оди добро, но тимот реши да преземе исклучително внимателен пристап кон здравјето на кошаркарот.

Мидлтон ќе тренира индивидуално до целосно заздравување.

Милвоки две години по ред е елиминиран во првото коло од плејофот на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2024 16:47