Лонзо Бол е се поблиску до враќање на официјални натпревари. Кошаркарот на Чикаго се надева дека ќе игра во првиот натпревар од сезоната 2024/25.
Бол не играше од јануари 2022 година поради проблеми со коленото. На кошаркарот му беа извршени неколку операции.
- Сега имам, како што може да се нарече ново колено, рече Лонзо.
Кошаркарот додаде дека во оваа фаза не е подготвен да игра два дена по ред.
Новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА ќе почне на 22 октомври