Кошаркарот на Мајами, Џими Батлер проговори за неговото расположение во пресрет на новата сезона во НБА-лигата.
За време на претсезсонските подготовки не успеа да постигне договор со Мајами за продолжување на договорот следното лето, патој би можел да стане слободен агент доколку ја искористи соодветната опција.
- Морам да докажам дека можам да играм важна улога во победнички тим и тоа е доволно фер. Го правев ова и порано, оваа сезона што доаѓа не се разликува. Не очекува нова сезона. Кога ќе дојде време, договорот ќе се реши само по себе, изјави 35-годишниот кошаркар.
Мајами новата сезона ќе ја почне на 23 октомври против Орландо меџик.