Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристи, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе. Тоа значи зголемување на девизниот прилив од туризмот и неговото учество во БДП, рече директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Билјана Стефаноска во одговор на новинарско прашање на МИА на денешната прес конференција по посетата на Хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил – Бања Банско“, Струмица.

Во периодот од јануари до јули годинава во споредба со истиот период лани имаме зголемување за 7,8 отсто на бројот на туристите, а зголемувањето кај странските туристи е за 9,7 отсто повеќе.

Според неа, растот на бројките не значи и развој, бидејќи Стефаноска смета дека развојот стагнира, па дури е и уназаден.

-Државата треба посветено да работи, да инвестира и најважно е создавање на национална стратегија за туризам, во која би влегле стратегијата за рурален туризам, бањски туризам, за транзитен, културен и сите други алтернативни форми на туризам, додаде Стефаноска



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2024 06:09