Хоакин Феникс и Руни Мара, се чини, се во брак. Глумецот на некој начин го потврди тоа, нарекувајќи ја својата партнерка - сопруга во интернет-емисијата „Ток изи“ (Talk Easy) на Сем Фрагосо.

Тој, имено, говорејќи за неговиот говор на „Оскарите“ во 2020 година, рече дека го смислил „разговарајќи со мајка му и сопругата“. Подоцна во разговорот, 49-годишниот актер појасни дека мислел на Руни кога ја спомнал сопругата. Сепак, Феникс се воздржа да зборува за неговиот брачен статус.

Мара и Феникс се запознале на снимањето на филмот на Спајк Јонзе - „Неа“ (Her) од 2013., но почнале да се гледаат во 2017 година, кога ја снимаа „Марија Магдалена“. Тој пред две години, за „Венити фејр“ (Vanity Fair) призна дека на почетокот бил убеден дека Мара го презира. Подоцна сфатил дека таа е заинтересирана за него, но бил премногу срамежлив да го изрази тоа.

Во средината на 2019 година се свршиле, а во септември 2020 година добија и син. Детето го доби името Ривер - по трагично починатиот брат на Хоакин. Мара, во една прилика, на емисијата „Лончтефт“ (LaunchLeft), говореше за воспитувањето на Ривер.

- Во нашата куќа постојано зборуваме за креативни работи. Тоа не е куќа во којашто живеат двајца глумци, бидејќи јас не работев првите три и пол години - колку што бевме заедно. Всушност, откако сме заедно, јас имав работен ангажман само еднаш или двапати, и тоа кратко, рече глумицата.

На премиерата на „Кујна“ (La Cocina) на Берлинскиот филмски фестивал во февруари, парот откри дека го очекува и своето второ дете.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/10/2024 06:51