Распишан е меѓународен поетски конкурс за 57 Детски Рацинови средби на тема „Мене и душата ми е црвена“ – Рацин.
Како што информираат од Општина Велес, која е организатор на средбите, конкурсот е отворен до 31 октомври, а право на учество имаат ученици од VI до IX одделение од oсновните училишта и ученици од I до IV година од средните училишта.
Творбите се класифицирани во две категории: за основно и за средно образование.
Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Од секое училиште можат да бидат испратени најмногу до пет поетски творби.
Најзначајно е детските песни да се оригинални и соодветни на темата.
Поетските творби да се испратат на е-адреса: detskiracinovi57@gmail.com со назнака „за поетски конкурс“ .
Со творбата наведете ги следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-адреса.
Од Општина Велес појаснваат дека откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот и времето на одржување на Манифестацијата.,
Детските Рацинови средби се одржуваат секоја година во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во неговиот роден Велес