Четвртиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ извојува тешка победа над Американецот Алекс Микелсен во второто коло на Мастерсот во Шангај.
Во меч што траеше речиси два часа, Србинот двата сета ги доби на тајбрејк - 7:6 (7:3), 7:6 (11:9).
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот меѓу Флавио Коболи (Италија) и Стен Вавринка (Швајцарија).
Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај (Кина) изнесува девет милиони долари.