Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари - септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 5,2 отсто



Автор: Администратор
Објавено на: 07/10/2024 17:36