Електронските уреди што треба да ги добијат сите студенти ќе се обезбедат преку ИТ компаниите, а преговорите со нив веќе се отпочнати и се очекува да завршат до крајот на годинава.

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција појасни дека секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на електронски уред.

- Целта е да се изнајде решение со кое компаниите ќе ги обезбедат електронските уреди, а исплатата ќе биде извршена преку ваучерите кои ќе бидат наменети за сите студенти. Воведувањето на оваа мерка со која на сите студенти ќе им обезбедиме ваучер од 250 евра специјално за купување електронски уреди е дизајнирана да обезбеди сите студенти да имаат пристап до технологијата што им е потребна за да успеат во денешниот дигитален свет, рече Митева.

По финализирањето на преговорите со ИТ компаниите, од Владата најавуваат повеќе детали како ќе се одвива целиот процес.

Покрај ваучери, како што посочи Митева, Владата ќе обезбеди и финансиска поддршка од 30.000 евра за отворање бизнис на млади.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/10/2024 19:32