Виолината на народниот херој Стив Наумов, на која како гимназијалец свирел во своето слободно време, од денеска е во НУ Завод и Музеј-Битола.

Од националнаta установа соопштија дека по примопредавањето на виолината од Стефан Бошков, внук на народниот херој Стив на директорот на битолскиот Музеј, Зоран Николовски, виолината ќе биде заштитена и јавно изложена во обновената Спомен куќа на Стив Наумов што се наоѓа во непосредна близина на истоименото основно училиште во Битола



Автор: Администратор
Објавено на: 10/10/2024 04:30