Добротворната организација за заштита на природата соопшти дека за 50 години бројот на диви животни е намален за 73 отсто, што, според неа, е „катастрофална загуба“.

„Поради губењето на недопрената природа, многу екосистеми се на работ на многу опасни пресвртни точки“, рече директорката на Организацијата во Велика Британија, Тања Стил, вклучувајќи многу живеалишта од Амазон до коралните гребени, објави Би-Би-Си.

Извештајот, објавен од Организацијата, е заснован на индекс на повеќе од 5.000 птици, цицачи, водоземци, влекачи и риби во текот на пет децении. Причината за намалувањето на бројот на диви животни во голема мерка е човекот, наведе организацијата и додаде дека 60 отсто од розовите речни делфини во Амазон изумреле поради загадувањето и рудниците.

Професорот по екологија на Универзитетот во Ридинг, кој не е поврзан со извештајот, Том Оливер, рече дека податоците се „загрижувачки“ и дека станува збор за „глобален колапс на биолошката разновидност“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/10/2024 04:43