Според податоците на Централната банка, во Црна Гора има 89 граѓани кои на сметките во комерцијалните банки имаат повеќе од милион евра. Иако бројот на милионери расте, финансискиот консултант Стеван Гаевиќ посочува дека тоа е мал број во однос на бројот на населението, пренесува Градска ТВ.

- Сметам дека тоа се главно луѓе кои стекнале пари легално или преку продажба или наследство и ги чуваат во банки. Мораме да сме свесни дека има инфлација и држењето пари на сметки може да ја намали нивната вредност, па затоа мислам дека 89 милионери е релативно мал број за Црна Гора, рече Гаевиќ.

Инес Мрдовиќ од НВО Акција за социјална правда смета дека Црна Гора е ветена земја за богатите, бидејќи нивните приходи се оданочуваат со исклучително ниски стапки.

- Важно е да се спомне дека во Црна Гора има многу невидливи милионери. Тие не би ги чувале своите средства на видливи сметки кај Централната банка, туку би ги преместиле надвор од земјата, додаде Мрдовиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2024 05:46