Бензините од полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизел-горивата се зголемува за два денара, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Литар БС-95 ќе изнесува 78 денари, БС-98 ќе чини 80 денари за литар, а дизелот ќе биде 70,5 денари.

Според РКЕ, екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денара и литар ќе чини 70,5 денари.

Се зголемува и цената на мазутот за 0,473 денари па килограм ќе чини 44,507 денари.

Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 отсто во однос на одлуката од 10.10.2024 година



Автор: Администратор
Објавено на: 14/10/2024 21:18