Премиерот Христијан Мицкоски имаше свое обраќање во германскиот совет за надворешни работи (ДГАП).
Говорев за нашите цели и нашата борба да ја стабилизираме државата. Наследивме власт која ја одзема државата од рацете на народот. Овие 100 дена како е новата Влада, работевме 100% посветено за да обезбедиме пристојност и нови можности, посочи тој по обраќањето.
Испратил порака дека ЕУ не смее да остане затворен клуб, туку интеграциска заедница на просперитет и можности.
Меѓудругото се обидуваме и да го откочиме закочениот европски процес за интеграции преку полагање на нашите надежи во решение кое ќе биде фер основа за градење на доверба. ЕУ не смее да остане затворен клуб, туку интеграциска заедница на просперитет и можности, посочи Мицкоски.