На три недели пред изборите во САД, републиканскиот претседателски канидат Доналд Трамп и неговиот демократски соперник, потпретседателката Камала Харис, разменија остри напади еден кон друг.
Во интервју за телевизијата Фокс њуз, Трамп повика на прогон на Американците од „радикалната левица“.
-Непријателот е одвантре, има навистина болни луѓе кај радикалната левица. И тоа треба многи лесно да биде средено со Национална гарда, војска (против нив), изјави Трамп.
На митинг во Пенсилванија, Харис пушти видео од ова интервју и слични реплики од поранешниот претседател повикувајќи дека Трамп е „нестабилен и душевно болен“ за да претендира на лидерство. -Второ претседателство на Трамп ќе биде голем ризик за Америка. И опасно. Доналд Трамп сѐ повеќе станува нестабилен и луд. Тој е во потрага по неограничена власт, тоа е она што го бара, рече Харис. Харис го искритикува Трамп и за тоа што сѐ уште на објавил лекарски извештај за своето здравје, додека таа тоа веќе го направи. „Можеби затоа што неговиот штаб смета дека тој е нестабилен и несериозен“ за лидерство, рече таа. Трамп исто така беше во Пенсилванија на таунхол, помал митинг во близина на Филаделфија каде што ја криткуваше имигрантската политика на актуелната аадминистрација. На митингот две лица се онесвестиле по што Трамп повикал да се прекинат говорите и побарал музика за танцување. На таунхолот Трамп ја нарече Харис „глупава“ и повика таа да направи когнитивен тест. Пенсилванија е една од решавачките држави за победа на претседателските избори. Демократите овде досега за телевизиски реклами потрошиле 50 милиони долари, додека републиканците – речиси 52 милиони, што е најмногу од сите седум решавачки држави, според фирмата AdImpact. Најнова анкета на „Вашингтон пост“ укажа дека во Пенсилванија Харис води пред Трамп за два процетни поени.