Данскиот тенисер Холгер Руне тренираше со Шпанецот Рафаел Надал пред турнирот „6 Кингс Слем“.
- Не можев да барам повеќе, одличен тренинг, напиша Руне на своите социјални мрежи.
Ревијалниот турнир ќе се одржи од 16 до 19 октомври во Ријад (Саудиска Арабија). На него ќе учествуваат и Србинот Новак Ѓоковиќ, Шпанецот Карлос Алкараз, Италијанецот Јаник Синер и Русинот Данил Медведев.
Претходно, 38-годишниот Надал најави дека ќе се пензионира во ноември оваа година. Последниот турнир на 22-кратниот победник на Грен слем ќе биде Дејвис купот.