Албанскиот претседател, Бајрам Бегај преку објава на социјалните мрежи го поздрави отворањето на првото поглавје од преговорите за влез на Албанија во ЕУ.

Оценува дека ова е одлична вест за Албанците во исполнувањето на нивната аспирација да бидат дел од европскиот блок и исполнување на долгогодишниот сон.

Бегај понатаму пишува дека „темпото на ова патување е со наше темпо“.

-Веста дека Албанија го отвора поглавјето на основните реформи на преговорите за полноправно членство во ЕУ го исполнува секој Албанец со надеж во остварувањето на долгогодишниот сон. Ние ја сакаме Албанија како цела Европа. Сега во наши раце е темпото на ова патување. Полн сум со надеж за напредок и успех, пишува Бегај на официјалниот профил на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/10/2024 22:29