Македонската престолнина Скопје од 6 до 11 декември ќе биде домаќин на Европскиот шампионат во брз и блиц шах, објави Европската шаховска федерација.

Европското првенство во брз шах ќе биде прво на распоредот и ќе се одржи на 7 и 8 декември. На 9 декември ќе се играат партиите од Европскиот блиц шаховски шампионат. Следнито ден (10 декември) на програмата е Европскиот Фишер шаховски шампионат.

Вкупниот награден фонд на првенството изнесува 47.000 евра.

Шаховските партии ќе се играат во хотел „Континентал“.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2024 04:32