Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска во Саборот изјави дека претседателот Зоран Милановиќ го поткопува кредибилитетот на земјата во Европска Унија и во НАТО.
Неговата изјава уследи откако Милановиќ не даде согласност за учество на хрватски офицери во активностите на НАТО за поддршка на безбедноста и обуката на Украина (НСАТУ). Поради тоа сега за одобрување е потребно двотретинско мнозинство во Парламентот.
- Во НАТО не знаат дали Хрватска ќе остане сигурен сојузник или ќе им го сврти грбот во време на неволја. Тие не знаат дали ние сме земја што ќе и помогне на жртвата, истакна Пленковиќ.
Тој ја повика опозицијата да го поддржи учеството на Хрватска во активностите на НАТО за поддршка на безбедноста и обуката на Украина (НСАТУ).