Наместо да обвинуваат и критикуваат, СДС треба да се погледне во огледало и да размисли дали политиките кои ги водеа изминатите 7 години вродија со плод?
Одговорот е НЕ.
Најголемиот успех на криминалната коалиција СДС-ДУИ на патот кон членство во ЕУ е сликање селфи во авион. Освен дистанцирање од ЕУ и водење погубни политики врз грбот на граѓаните, ништо друго не направија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да тргува со идентитетот и образот на македонските граѓани. Граѓаните ни дадоа поддршка на изборите и ќе работиме во нивен интерес да почнеме преговори со ЕУ.