Според истражувањето на јавното мислење на истражувачко-издавачкиот центар Демостат, во Србија рејтингот и на владејачките и на опозициските партии е во опаѓање, со поизразен пад на довербата во опозициските партии, јави дописникот на МИА од Белград.

Истражувањето, спроведено на 1.200 испитаници во текот на септември, според главниот истражувач на Демостат, Сречко Михаиловиќ покажало дека 42 отсто не им веруваат на владеачките партии, а 66 отсто на опозициските партии.

-Нивното однесување во предизборниот и изборниот процес во декември лани и мај годинава има одредено оправдување за толку ниското ниво на доверба, рече Михаиловиќ.

Според него, доверба во опозицијата имаат шест отсто од испитаниците, додека 24 отсто имаат одредена доверба, но и одредена недоверба.

-Овие шест проценти се уште помал процент од она што овие партии го постигнаа на изборите, додаде Михаиловиќ.

Тој додаде дека истражувањето покажало дека 37 отсто од испитаниците се изјасниле дека поблиски им се партиите на власт, 21 отсто дека поблиски им се опозициските партии, додека 42 отсто кажаа дека не се блиски со ниту една од нив.

Според него, истражувањето покажало и дека 40 отсто од испитаниците се повеќе или помалку приврзани за некоја од партиите, додека 60 отсто имаат негативен однос кон нив. -Било да се рамнодушни – 47 отсто, или било да не ги поднесуваат политичките партии – 13 отсто, рече Михаиловиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 16/10/2024 16:46