„Зголемените контроли на Царинската управа резултираа со повисока наплата на приходи во износ од 35,4 милијарди денари остварени во 100 дена, што е за 9,2 проценти или 3 милијарди повеќе од минатата година. Преку засилување на контролите е евидентиран зголемен пријавен увоз на цигари, возила и облека“. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, на првата трибина од Платформата „100 проценти посветени за тебе“.

Во однос на затекнатата состојба директорот потенцира дека истата била крајно разочарувачка односно имало слаби контроли, а откривачките функции биле сведени на минимум.

Воспоставуваме ред при што во јули, како што рече, е остварена историски рекордна наплата на приходи во еден месец во износ од 12 милијарди денари или 16,6 проценти повеќе од лани.

Тенденцијата вели Николовски е задржана и во наредниот период за што е доказ и зголемената наплата на приходи во 100-те дена во износ од 35,4 милијарди денари



Автор: Администратор
Објавено на: 17/10/2024 23:13