Режисерот Емир Кустурица побара од Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград да покрене постапка и да побара отстранување на „навредлива синтетизирана аудио и видео снимка“ емитувана на телевизија Пинк за Кустурица, соопшти денеска адвокатската канцеларија Томановиќ.

- Незаконската употреба на вештачка интелигенција за создавање лажни и монтирани снимки, познати како „дипфејк“ (deepfake), во многу земји е препознаена како општествено опасна за демократското општество, основните човекови права, но и за безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението.

Кустурица преку својата адвокатска канцеларија побара Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) да покрене постапка против ТВ Пинк, а Високиот суд да донесе времена мерка и да му забрани на сопственикот на таа телевизија, Жељко Митровиќ, дополнително емитување и промовирање „незаконска обработка на лик и глас“.

- Непримерен е обидот на креаторот на фалсификатот да ја оправда навредата и незаконското однесување со наводна сатира, бидејќи видеото не е ниту сатира, ниту уметнички, ниту некаков законски дозволен облик на изразување, туку законски забрането дело спротивно на јавниот интерес, се додава во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/10/2024 04:28