Производителот на „Бакина тајна“ денеска ги извести потрошувачите дека од српскиот пазар повлекува две серии на благ ајвар од 550 грама, јави дописникот на МИА од Белград.

-Бакина Тајна Ајвар 550 гр благ, серија 6610290724, со рок на употреба до 29.07.2026 година и Бакина Тајна ајвар 550 гр благ, серија 6610300724, со рок на употреба до 30.07.2026 година, се повлекува од продажба поради можност за присуство на туѓо тело, кои на пазарот ги пласира компанијата Atlantic Brands d.o.o., се наведува во соопштенеито објавено на нивната веб-страница.

Во него се додава дека потрошувачите кои ги купиле споменатите производи можат да ги вратат на продажното место, каде што ќе им бидат вратени парите или ќе договорат замена на производот.

-Во оваа прилика сакаме да потврдиме и дека ја гарантираме безбедноста и квалитетот на сите останати производи на пазарот. Како одговорна компанија која пред се се грижи за заштита на потрошувачите, донесовме одлука за отповикување врз основа на високите стандарди на квалитет и безбедноста, со цел одржување на високо ниво на доверба во нашите производи, се наведува во соопштението на Atlantic Brands d.o.o.

Во рекламите за ајварот Бакина Тајна инаку пишува дека станува збор за автентичен српки ајвар подготвен со традиционални методи.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/10/2024 03:56