Ученик од осмо одделение во Суботица за време на попладневна настава со нож повредил ученичка од истото одделение, јавија српските медиуми повикувајќи се на полицијата. Повредите на девојчето се санирани во болница и нејзиниот живот не е во животна опасност.
Според првичните информации, ученик од основното училиште „Сечењи Иштван“ во Суботица со нож и нанел повреди на соученичката на рацете и нозете.
Брзата помош ја пренела повредената ученичка во болница во Суботица каде и биле санирани повредите. Малолетникот, ученик во осмо одделение, е приведен и ќе биде изведен пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Суботица