Шпанскиот ветеран Роберто Баутиста Агут ја освои титулата на тенискиот турнир на тврда подлога во Антверпен. Тој во финалето славеше над Јиржи Лехечка (Чешка) со 7:5, 6:1 за час и 15 минути игра.
Шпанецот водеше со 4:1 во првиот сет по брејк, но потоа Лехечка го врати брејкот и израмни на 5:5. Баутиста Агут водеше со 6:5, а потоа го доби сервисот на Чехот и го зеде првиот дел 7:5.
Во вториот Шпанецот беше многу поубедлив. Тој му даде само еден гем на Лехечка за 3:1 и ги доби последните три за да го затвори мечот.
Ова е вкупно 12-та титула во кариерата на 36-годишниот Шпанец, кој од наградниот фонд на турнирот освои 105 илјади евра, како и 250 бодови за светскиот пласман