Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 6.043 ученици, според министерот за образование, религија и спорт Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Во интервјуто за радиото „Скај“, надлежниот министер истакна дека мерката воведена за првпат оваа година има „спектакуларно добро“ влијание и е прифатена од училишната заедница.

На 11 септември започна новата учебна година во Грција, една од новините воведени беше и забраната за користење на мобилните телефони за време на наставата, а кога беше презентирана мерката, грчкиот премиер истакна дека слоганот оваа година е „мобилниот во ранец“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2024 04:10