Во Брисел утре ќе се одржи нова рунда од дијалогот меѓу Србија и Косово, што се води со посредништво на ЕУ, на ниво на главни преговарачи, потврди денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Можам да кажам дека на дневниот ред, како и во минатото, ќе биде потребата од започнување на итна имплементација на Договорот од Охрид, како и двете страни конечно да можат да се договорат за напредок во дијалогот, изјави Стано.

На прашање во каков формат ќе се одржат утрешните разговори, Стано рече дека ЕУ ќе ја задржи „вообичаената кореографија“ на одвоени средби со двете страни.

- Дали ќе има трилатерална средба, пред се зависи од желбата на двете страни да се сретнат во таков трилатерален формат, додаде Стано.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/10/2024 23:03