Џејмс Харден е разочаран од пропуштената победа во првиот натпревар во новата арена на Лос Анџелес клиперс.

Ноќеска Клиперс загубија од Феникс санс по продолжение (113:116).

Натпреварот се одигра во новата арена на клубот „Интуит Доме“. Клиперси во најголемиот дел од мечот беа во водство, но на крајот не успеаја да победат.

- Толку сум разочаран што не ја добивме победата. Историски меч во Инглвуд, навивачите ги наполнија трибините и беа одлични, тие го направија своето, мора да се покажеме и ние, изјави Харден.

Тој беше најефикасен кошаркар на средбата, постигнувајќи 29 поени, 12 скока и осум асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/10/2024 18:04