Во 5. коло на 39. Европски клупски куп кој се одржува во Врњачка бања, шахистите на Алкалоид одиграа нерешено 3-3 во дербито против Туркиш Ерлајнс и со тоа го запишаа првото реми по серијата од пет победи.
Цел поен за македонскиот првак освоија Еригаиси и Ју, ремизираа Аранвидтх и Ивиќ, додека Веи и Нараианан претрпеа порази.
По пет одиграни кола во водство на табелата е следниот противник на Алкалоид, екипата на Нови Бор“ од Чешка со максимални 10 бодови.
Алкалоид е на делба на второто место со 9 бодови.