Екипата на Охрид не успеа да го помине второто квалификациско коло во Европскиот ракометен куп.
Охриѓани денес на реваншот во Романија загубија од Потаиса Турда со 39:29.
Избраниците на Стевче Алушовски на првиот меч на домашен терен победија со шест разлика што се покажа недоволно за вкупен триумф.