Светската рекордерка во скок во височина Јарослава Махучик од Украина и Арман Дуплантис – шведскиот скокач со стап се прогласени за најдобри атлетичари во Европа за 2024 година.
Прогласувањето се одржа синоќа во Скопје на престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024” на Европската атлетска асоцијација.
Овогодишните победници во категоријата „Ѕвезди во подем“ се Адријана Вилагош од Србија која учествува во дисциплината фрлање копје, и тркачот на 1500 метри, Нилс Ларос од Холандија.
На настанот во Националната опера и балет присуствуваа и вицепремиерот на Република Северна Македонија, Љубчо Димовски и министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на Светската атлетска федерација Себастијан Коу и првиот човек на Европската атлетика Добромир Карамаринов.