Со 100 отсто обработени протоколи во РИК за изборите за Народно Собрание на Бугарија води ГЕРБ-СДС со 26,388 отсто, втори се „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ со 14.203 отсто. Податоците се објавени на веб-страницата на Централната изборна комисија (ЦИК). „Величина“ кои со обработени 99,71 проценти протоколи имаа 4,01 отсто, според последните податоци добиваат 3,999 проценти.
Со обработени 100 отсто од протоколите на секциските изборни комисии (СИК) во регионалните изборни комисии (РИК), резултатите ја покажуваат следната распределба на гласовите:
ГЕРБ-СДС – 642 931 гласа или 26,388 проценти
„Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ – 346.063 гласови или 14,203 проценти
„Преродба“ – 325.468 гласови или 13,358 проценти
„ДПС – Нов почеток“ – 281.366 гласови или 11.548 проценти
„БСП – Обединета левица“ – 184.403 гласови или 7,568 проценти
„Сојуз за права и слободи“ – 182.263 гласови или 7,481 проценти
„Има таков народ“ – 165.160 гласови или 6,779 проценти
МЕЧ – 111.946 гласови или 4,595 проценти
„Величина“ – 97.430 гласови или 3,999 проценти
„Не поддржувам никого“ избрале 82.618 гласачи.
ЦИК вчера во 21 часот објави крај на изборниот ден на територијата на државата за изборите за пратеници.
Изборниот ден во странство заврши денеска во 05:00 часот по бугарско време на западниот брег на САД и Канада, соопшти Министерството за надворешни работи.