Тригодишно момче го загуби животот откако беше смртно рането во пределот на главата, кога врз автомобилот во кое било заедно со неговите родители, во населба во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, бил отворен оган од засега непознати лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според првичните неофицијални информации во Грција, од автомобил биле испукани над 20 куршуми кон автомобилот во кој било семејството, а еден од куршумите го погодил детето во главата и итно било пренесено во болница со сериозни повреди, но лекарите не успеале да го задржат во живот.

Грчките медиуми пишуваат дека станува збор за семејство Роми, а не е исклучена можноста да станува збор за расчистување сметки



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2024 15:45