Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ денеска изјави дека повеќе од 30 лица се повредени во уривањето на настрешницата на зградата на железничката станица во тој град. Претходно српски медиуми јавија за еден загинат, но засега нема официјална потврда од властите. Несреќата се случи напладне. На местото на несреќата има голем број амбулантни возила.

Кон Нови Сад се упати српскиот претседател Александар Вучиќ и српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.Српсккте медиуми јавија дека вечерва Вучиќ е има обраќање до јавноста.

Дел од настрешницата на неодамна реконструираната Железничка станица во Нови Сад денеска се урна врз десетици луѓе кои седеа таму на клупи или чекаа превоз. Реконструкцијата ја изврши кинеска компанија, цената на целиот проект остана тајна, а самата зграда беше свечено отворена неколку пати, последен пат на 5 јули годинава. Властите во Србија тврдат дека компанијата не вршела обнова на настрешницата.

Со оглед на тоа што реконструкцијата на станицата започна во октомври 2021 година, а станицата беше официјално отворена во екот на изборната кампања во март 2022 година и повторно затворена поради работи, 021.рс претходно побара од Министерството за транспорт и ЈП „Железничка инфраструктура на Србија “ да им достави договори и фактури поврзани со таа работа. Наместо документација, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура добило одговор во кој се наведува дека „контактирале со кинеската договорна страна“ која ги информирала дека „не се согласува никакви податоци од договорот и поврзани со договорот да бидат доставени на трети лица пред завршување на проектот, односно пред да добие потврда за добро завршена работа", пренесе Нова/рс.

Миран Погачар, градски советник од Коалицијата Браво, вели дека ова е буквално злосторство врз граѓаните на Нови Сад.

„Властите четири години ја реновираа оваа станица со кинески изведувачи, дури двапати ја отворија станицата. Еднаш Вучиќ со Орбан во 2022 година и повторно оваа година, 2024 година, кога рекоа дека се е во ред“, рече тој.

Тој посочи дека сега ги гледаме резултатите од политиката на СНС.

„Ова е невидена трагедија и злосторство врз граѓаните на Нови Сад, Нови Сад не го памети ова, сите сме погодени, го чувствуваме гневот, знаеме кој е одговорен, кои се изведувачите, кои се сликаа овде на отворање не еднаш, туку двапати“, изјави тој за Н1.рс.

Јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад води истрага заедно со полицијата, надлежните инспектори и други служби на зградата на железничката станица каде се урна настрешницата.

„Поради трагичниот настан што предизвика загриженост во јавноста, а кој се случи на 1 ноември 2024 година во Нови Сад, кога се урна дел од зградата на железничката станица во Нови Сад, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад ја информира јавноста дека јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад излезе заради истрага“, се наведува во соопштението.

Во соработка со Полициската управа во Нови Сад и надлежните инспекциски и други служби, се преземаат сите мерки и дејствија согласно закон, со цел утврдување на сите релевантни факти и околности поврзани со причината за предметниот настан.

Српски медиуми јавија за најмалку 30 повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад На железничката станица во Нови Сад денеска во 11.50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата и во оваа несреќа има повредени, соопштија од Железничката инфраструктура на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/11/2024 16:11