Уште една жена по пет часа натчовечки напори на спасувачките тимови е спасена од урнатините откако напладне се урна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, јавија српските медиуми. Таа е пренсена итно во Клиничкиот центар.
Претходно локалните медиуми јавија дека од урнатините е спасено уште едно лице, најверојатно 14-годишно девојче.