Ракометарите на Алкалоид го победија МРК Куманово со 40-25 (23-11) во првиот меч од 10. коло од Суперлигата.

Ова беше десеттата победа во десеттиот натпревар за екипата на Кирил Лазаров, со која се зацврстија на врвот на табелата.

Од самиот почеток домаќинот го наметна своето темпо и гостите немаа никакви шанси за некакво изненадување.

Најефикасни кај Алкалоид беа Петковски со девет и Франциско Оливеира со осум гола, додека во тимот на Куманово се истакнаа Дарио Симоновски со осум.

Во следното коло „сино-белите“ ќе гостуваат кај Охрид, додека Куманово на свој терен ќе го пречека Радовиш.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2024 00:25