Продажбата на автомобили во Европа падна за 4,2 отсто во септември 2024 година. Ова е продолжение на трендот којшто трае неколку месеци, а според познавачите, се припишува на намалениот интерес на купувачите на електромобили. Но, и покрај тоа, електричен модел е најпродаваниот автомобил во Европа минатиот месец.
Така, според податоците собрани од „ЈАТО динамикс“ (JATO Dynamics), „Моделот ипсилон“ на „Тесла“ (Tesla Model Y) е на првото место. По американскиот електричен теренец следат конвенционалните модели „Рено клио“ „Дачија сандеро“, „Фолксваген тигуан“ и „Киа спортиџ“.
Како што пишува „Ауто стар“ (Auto Star), регистрирани се вкупно 28.876 продадени „Ипсилон“ возила - што е намалување од еден отсто во однос на истиот месец лани.
Најпродаваните автомобили во Европа во септември 2024 година:
„Тесла модел Ипсилон“ - 28.876 продадени возила;
„Рено клио“ - 20.708;
„Дачија сандеро“ - 18.960;
„Фолксваген тигуан“ - 17.670;
„Киа спортиџ“ - 16.697;
„Пежо 208“ - 16.350;
„Фолксваген голф“ - 15.776;
„Тојота јарис крос“ - 15.714;
„Фолксваген поло“ - 15.299;
„Форд пума“ - 15.141;
„Тесла модел 3“ - 14.965;
„Тојота јарис“ - 14.468;
„Опел корса“ - 14.355;
„Шкода октавија“ - 13.895;
„Хјундаи тусон“ - 13.798;
„Пежо 2008“ - 13.203;
„Дачија дастер“ - 12.977;
„Фолксваген Т-рок“ - 12.794;
„Рено каптур“ - 12.686;
„Тојота ЦХР“ - 12.071;
„БМВ Икс-1“ - 11.806;
„Нисан кашкај“ - 11.444;
„Форд Куга“ - 10.653;
„Мини купер“ - 10.386;
„Нисан јук“ - 9.628.