Пакет од 10 билети за боксерскиот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол се продава за 2 милиони долари, пренесоа светските агенции.

Првата борба на „Железниот Мајк“ по 19 години со јутјуберот кој стана боксер, Џејк Пол ќе се одржи на 15 ноември на стадионот на Далас Каубојс со 80.000 седишта во Арлингтон, Тексас.

Најжестоките обожаватели на Тајсон, желни повторно да го видат во акција, ќе можат да седнат на помалку од два метри од јажињата покрај рингот. Продадениот пакет со 10 билети вклучува две ВИП места покрај рингот, а останатите осум се поделени на четири седишта во првиот и вториот ред за натпреварот. Пакетот вклучува можност за посета на официјалното мерење пред натпреварот, а купувачот ќе добие и боксерски ракавици со автограм од двајцата учесници во борбата.

Тајсон (58) има 50 победи и 6 порази во професионалната кариера, од кои 44 успеси со нокаут. 27-годишниот Пол има биланс од 9 победи и 1 пораз.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2024 05:24