Бразилецот Габриел Бортолето ќе дебитира следната сезона во Формула 1 како возач на Заубер, јавија денеска светските медиуми.
Според информациите, Бортолето ќе го замени Валтери Ботас и ќе биде новиот клупски колега на Нико Хулкенберг. Германецот,пак, ќе пристигне во Заубер во тимот од Хаас.
Бортолето (20) ја освои серијата во Формула 3 како дебитант минатата година и е лидер на табелата во Формула 2 оваа сезона.
Бразилскиот возач потекнува од академијата на Мекларен, но директорот на тимот Андреа Стела неодамна рече дека Бортолето има одврзани раце доколку добие понуда од тим во Формула 1.