Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен успеа да го сруши рекордот на Михаел Шумахер по поминати денови на лидерската позиција во поредокот во Формула 1 шампионатот.

Холанѓанецот 897 дена по ред е на првото место во конкуренција на возачи во Формула 1. Серијата започна на Големата награда на Шпанија во 2022 година и ќе продолжи уште најмалку два викенда благодарение на вчерашната победа на трка за Големата награда на Сао Паоло.

Седумкратниот шампион во Формула 1 беше на првото место 896 последователни денови во 2000-2002 година.

Трет на оваа листа (560 дена во 2005-2006 година) е Фернандо Алонсо, кој сега вози за Астон Мартин.

Покрај тоа, тимот на Ред Бул го бележи 64-то Гран При по ред освојувајќи бодови повторувајќи ја втората најдолга серија во историјата (Мекларен, 2010-2013). Ферари останува рекордер (81 трка, 2010-2014). Последен пат кога Ред Бул не освои бодови беше на ГН на Бахреин во 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2024 17:50