Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ денеска изјави дека секоја инцијатива за промена на Уставот е легитимна.
Неговата изјава уследи откако претседателот на Собранието, Андрија Мандиќ во повеќе наврати побара дополнување на Уставот со одредби со кои се менува статусот на српскиот јазик во Црна Гора.
- Секоја инцијатива кога станува збор за промена на Уставот е легитимна, тоа дефинитивно ќе треба да се направи во контекст на нашето пристапување во Европска Унија, наведе Милатовиќ.
Тој додаде дека секоја иницијатива мора да биде во согласност со Уставот и законите