Српскиот ракометар Илија Абутовиќ ја заврши репрезентативната кариера, соопшти Рaкометната федерација на Србија.

Во соопштението се наведува дека актуелниот член на Пелистер и поранешен ракометар на скопски Врадар, во кој помина 7 години, се простил од репрезентацијата на Србија пред почетокот на натпреварот од првото коло од квалификациите за ЕП 2026 против Летонија (38:25).

Абутовиќ има 36 години, а за српската репрезентација одигра 55 натпревари и постигна 22 гола



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2024 13:52