Англискиот фудбалски клуб Ливерпул стапил во контакт со претставниците на Аурелиен Чуамени за потенцијален трансфер од шпански Реал Мадрид, пренесува британскиот медиум „Експрес“.

„Црвените“ сакаа да го привлечат Французинот уште пред неговиот трансфер на „Бернабеу“, а според информациите следното лето ќе направат уште еден обид.

Чуамени беше трансфер цел на поранешниот менаџер Јирген Клоп, но интерес покажува и новиот тренер Арне Слот. Реал Мадрид би се согласил да се раздели со Французинот за околу 50 милиони фунти, бидејќи се шпекулира дека Шпанците ќе се обидат да го привлечат освојувачот на „Златната топка“ Родри од Манчестер Сити. Енцо Фернандез од Челси е втората опција за тимот од Мадрид.

Според „Експрес“, Слот и неговиот штаб го гледаат Чуамени како совршен одбранбен играч за врска во сегашниот систем на Ливерпул. Во моментов, Рајан Гравенберч добро ја исполнува таа улога, но „црвените“ се уште се обидуваат да се надоградат во средниот ред. Летото го сакаа Мартин Субименди, но тој одбра да остане во Реал Сосиедад.

Чуамени, со договор до летото 2028 година, има 15 настапи во сите натпреварувања за Реал Мадрид од почетокот на сезоната



Автор: Администратор
Објавено на: 07/11/2024 13:57