Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Руд ван Нистелрој, говори по победата од 2:0 против екипата на ПАОК во средбата од 4. коло на Лига Европа не беше премногу задоволен од играта на своите фудбалери.
-Прилично слабо прво полувреме, во најмала рака. Второто го одигравме многу подобро. Ова е очигледно. Амад Диало одигра клучна улога. Тој не само што постигна гол, туку делуваше и многу опасно. Не создадовме доволно шанси за Хојлунд пред паузата. После тоа се опорави, но дел од подавањата не стигнаа до него, истакна Холанѓанецот по мечот.
Пред натпреварот, Нистелрој им порачал на своите фудбалери дека Манчестер Јунајтед нема добиено европска битка на „Олд Трафорд“ една година.
-Не можевме да поверуваме. Дојде време да се промени ситуацијата, да се вратиме. Ова е важен момент за клубот. За мене е важно да постигнам резултати, додаде Нистелрој.