Здравствените работници во Хрватска, организирани од Синдикатот Заедно, од понеделник ќе започнат штрајк во текот на кој услуги ќе даваат само во итни случаи, соопштено е денеска во Загреб.

„Поголемиот дел од установите во Хрватска ќе штрајкуваат. Како што најавивме ќе се работи само со итни случаи, односно целата дијагностичка, лабораториска и радиолошка обработка нема да се извршуваат“, изјави потпретседателот на Синдикатот, Санда Алиќ на прес-конференција пред Клиничкиот болнички центар Загреб.

Здравствените работници собрани во синдикатот бараат зголемување на основицата за најмалку 20 отсто и промена на регулативата за коефициенти. Како што е најавено, штрајкот ќе се спроведува во сите големи болници и некои здравствени домови.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/11/2024 21:19